Еден од најмоќните луѓе во светот е незадоволен од наводните прекршувања на антимонополските правилаод страна на Apple.
- “Apple дејствува на начин што спречува која било компанија за вештачка интелигенција освен OpenAI да го заземе првото место во App Store, што е јасно прекршување на антимонополските правила. xAI ќе преземе итни правни мерки” напиша Маск на социјалната мрежа X.
Моментално, ChatGPT е на прво место на листата со најдобри бесплатни апликации во американската App Store, додека Grok на xAI е на петтото место, а Gemini на Google е на 57-мо место. ChatGPT исто така ја предводи продавницата Google Play, според податоците од Sensor Tower.
Apple има партнерство со OpenAI, што овозможува ChatGPT да се интегрира во iPhone, iPad и Mac уреди. Маск претходно го критикуваше App Store, прашувајќи зошто ниту X ниту Grok не се во делот „Задолжително“, иако X е апликација број 1 во светот за вести, а Grok е петта меѓу сите апликации.
Неговите коментари доаѓаат во време кога регулаторите и конкурентите го засилуваат надзорот врз App Store. Во април американски судија пресуди дека Apple прекршила судска наредба со која се бара од неа да дозволи поголема конкуренција и го упати случајот до федералните обвинители за кривична истрага, во случај покренат од производителот на Fortnite, Epic Games.
Исто така, во април Европската комисија го казни Apple со 500 милиони евра (587 милиони долари) за технички и комерцијални ограничувања што ги спречија развивачите на апликации да ги упатуваат корисниците кон поевтини понуди надвор од App Store, што е прекршување на Законот за дигитални пазари.
(Reuters)