Битола нема Битлси, но има Битолси

- Advertisement -

Битола на 14 септември повторно ќе стане сцена. Седмото издание на „Трчај бе со Алпско“, најголемиот спортски настан во градот и еден од највлијателните во земјата, годинава доаѓа со нова приказна и силна порака: „Битолси“.

Темата е омаж на луѓето што ја обликувале и ја обликуваат Битола-уметници, спортисти, актери, професори, музичари, комичари…обично, но големи луѓе како херои на градот. Организаторите велат: „Секој што направил нешто за својот град е дел од групата Битолси.“

- Advertisement -

„Трчај бе“ и претходно знаеше како да изненади. Форест Гамп на Широк Сокак, битолцизми на асфалт, филмското издание со камерата на Браќата Манаки со порака “Филм ми е да трчам”… Секоја година со нов наратив, трката стана препознатлив градски перформанс, а не само спортска манифестација.

Оваа 2025 година е особено значајна – Битола ќе биде домаќин на Националното првенство во полумаратон под покровителство на Атлетската федерација на Македонија. Освен елитните тркачи, во програмата се вклучени и популарните дистанци на 5 и 10 километри, достапни за сите генерации и нивоа на подготвеност. Очекувани се учесници од повеќе земји, што трката ја позиционира како меѓународно релевантен спортски настан.

- Advertisement -

Кампањата доби и свој саундтрак – кавер на „Get Back“ од битолскиот бенд Паркети, со нови стихови, насловен „Трчај бе“.

maxresdefault.jpg
Parketi – Trcaj be (Offical Video)youtu.be

 Визуелите, изработени во соработка со Monday, се колажи од најзначајните битолчани низ историјата, а постерите веќе предизвикуваат голем интерес.

- Advertisement -

„Светот сонува за Abbey Road. Ние го имаме Широк Сокак“, велат организаторите. „А оваа година не трчаме само за време – трчаме за сè што нè прави Битолси.“

Пријавите се во тек: https://trcaj.be/mk/event/trcaj-be-2025/

Сподели!
- Advertisement -