Трамп најавува нови царини за полупроводници и чипови

- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе нови царини за челик, полупроводници и компјутерски чипови во следните неколку недели, без да прецизира која царинска стапка ќе се применува за овие производи.

Следната недела и неделата потоа, ќе ги утврдам царините за челик и, да речеме, за чипови“, изјави Трамп пред новинарите во петокот за време на летот за Алјаска за средба со рускиот претседател Владимир Путин.

- Advertisement -

Новите царини првично ќе бидат пониски, за да имаат можност компаниите да започнат со производство во САД, а подоцна нагло ќе се зголемат, рече американскиот претседател, објаснувајќи дека компаниите сигурно би претпочитале да градат фабрики во САД отколку да плаќаат високи царини.

Трамп веќе најави 100% царини за чиповите на Intel увезени во САД на почетокот на август, без да прецизира кога ќе почне да се применува царината. Во таа прилика тој нагласи дека новата царина нема да се применува за полупроводници од компании кои се обврзале да започнат со производство во САД.

- Advertisement -

Во исто време, беше објавено дека Apple ќе инвестира дополнителни 100 милијарди долари во САД.

Доколку царините за увоз на чипови од големи добавувачи што ги објави американскиот претседател во петокот навистина стапат на сила, американските потрошувачи веројатно ќе мора да плаќаат повисоки цени за сите електронски производи, бидејќи чиповите што се користат во нив главно се произведуваат во Азија. На пример, речиси сите високотехнолошки чипови потребни за паметни телефони се произведуваат во Тајван.

- Advertisement -

Во февруари Трамп ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум на 25%, а во мај објави дека ќе ја удвои стапката на 50% за да ги охрабри домашните производители. По изјавата од петокот, не беше веднаш јасно дали планира повторно да ги зголеми царините за овие метали.

(Reuters)

Сподели!
- Advertisement -