Популарната платформа TikTok ја подобри својата функција за директни пораки со овозможување на испраќање кратки гласовни пораки, фотографии и видеа. Истото важи и за групните разговори.
Како што е веќе познато, функцијата за директни пораки е достапна само за профили на луѓе кои имаат 16 години и повеќе, и токму овие корисници добиваат нови функции, кои вклучуваат испраќање кратки гласовни пораки и фотографии преку директни пораки, пишува The Verge.
Држењето на копчето со иконата за микрофон започнува со снимање и штом ќе се отпушти копчето, гласовната порака автоматски се испраќа. Доколку корисникот сака да го откаже испраќањето, треба да помине со прстот налево на екранот.
Корисникот е ограничен на испраќање до девет фотографии (и видеа) истовремено, а гласовните пораки и клиповите не можат да бидат подолги од една минута.
(The Verge)