Повеќе од 1 милијарда чадори се фрлаат низ целиот свет секоја година – повеќето од нив завршуваат на депонии, на улиците и во океаните. Бидејќи овие предмети обично се направени од пластика и други синтетички материјали, потребни се векови за да се распаднат.
Норвешката компанија Greenstart одлучи да ги заштити луѓето од дождот, но и планетата од непотребен отпад. Тие го создадоа првиот 100% компостирачки чадор, кој вклучува патентиран спирален механизам направен од биоматеријали и горен дел (капа) направен од хартија со специјален слој.
Создадени се две верзии на овој чадор – модел за еднократна употреба кој е наменет за 24-часовна употреба и модел за седум дена кој може да се користи неколку дена по ред. Откако ќе го користите, тој се распаѓа природно во просек од три до шест месеци.
Чадорот Greenstart е тестиран на дожд и е отпорен на ветер, а можете да го компостирате дома или во природа. Иноваторите од Норвешка тврдат дека е лесен, еколошки и одличен избор кога одите на концерти и фестивали на отворено, но и во итни ситуации.
Во тек е кампања на Kickstarter во која Greenstart бара финансиска поддршка за својот одржлив проект, а преку која можете да добиете комплет чадори – еднократни и седумдневни по цена од 400 норвешки круни или околу 35 евра.
(Pun Kufer)
(фото: Kuckstarter )