Кинеската компанија Dongfang Electric Corporation ја изгради најголемата офшор ветерна турбина во светот во Кина, со капацитет од 26 MW. Турбината, која може да снабдува електрична енергија за 25.000 домаќинства, постави нов стандард во глобалниот развој на енергијата на ветерот.
Дијаметарот на лопатките на турбината е поголем од 310 метри, а висината на вратилото е 185 метри. Една од клучните карактеристики е нејзината способност да издржи супер тајфуни од категорија 17, обезбедувајќи ја нејзината функционалност во екстремни временски услови.
Липатките на офшор ветерната турбина од 26 MW ги надминуваат тешкотиите на аеродинамичкото и структурното спојување, постигнувајќи повеќекратни дизајнерски цели, вклучувајќи ултра долги лопатки со ниско оптоварување, висока ефикасност и висока сигурност, обезбедувајќи решение за ефикасна конверзија на енергијата на ветерот, изјави портпаролот на компанијата.
Турбината е составена од повеќе од 30.000 компоненти, а целиот синџир на снабдување е целосно независен и контролиран.
Оваа ветерна турбина користи целосно затворена структура за да спречи корозија во солена магла и вклучува двојни внатрешни и надворешни системи за ладење за да го реши проблемот со дисипација на топлина – рече портпаролот, нагласувајќи дека ова го решава проблемот со корозија и прегревање.
Според креаторите, погонскиот склоп на турбината е значително поефикасен во споредба со традиционалните решенија, што овозможува зголемување на вкупното производство на енергија за повеќе од 2%. Ова значително ја намалува почетната инвестиција, како и трошоците за одржување, а воедно ја намалува и цената по киловат-час.
(Kamatica)