Што ќе се случи со TikTok на 17 септември – ќе го спаси ли Трамп уште еднаш?

- Advertisement -

Дали сагата за TikTok конечно завршува? Ако и веруваме на објвата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social, се чини дека крајот е на повидок.

“Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина многу добро! Наскоро ќе биде склучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија која младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Врската останува многу силна!!!” напиша Трамп во објавата.

- Advertisement -

За потсетување, откако поранешниот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој ефикасно се забрани работењето на TikTok во САД, сегашниот претседател Доналд Трамп купи повеќе време за платформата и нејзиниот сопственик, кинескиот ByteDance, со потпишување на одложување на спроведувањето на законот. По две одложувања, рокот за продажба на американската подружница на TikTok на американски инвеститори истекува на 17 септември.

Министерот за трговија Хауард Лутник предупреди уште во јули дека TikTok ќе стане недостапен за Американците ако Кина не им даде на САД поголема автономија над популарната апликација. Ваквите „закани“ не му се допаднаа на Пекинг, кој го смета алгоритмот на TikTok за кинеска технологија, што може да се продава само со благослов на државата.

- Advertisement -

Ќе биде интересно да се види што ќе се случи со TikTok на 17 септември и дали Трамп ќе потпише уште едно продолжување на пресудата.

Трамп уште во јуни рече дека има група многу богати луѓе кои се подготвени да го преземат TikTok во САД, но никогаш не откри кои ќе бидат тие луѓе.

- Advertisement -

Лари Елисон од Oracle со група инвеститори и Илон Маск од Tesla, исто така со група инвеститори, веќе беа споменати како потенцијални купувачи. Сепак, досега немало конкретни договори.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -