Кина забрани купување Nvidia чипови

- Advertisement -

Кинескиот интернет регулатор, Администрацијата за сајбер простор на Кина (CAC), им забрани на најголемите технолошки компании во земјата да купуваат чипови за вештачка интелигенција на Nvidia.

Според извори на Financial Times (FT), CAC им наредил на компании како ByteDance и Alibaba да ги суспендираат тестирањата и нарачките на чипот RTX Pro 6000D, кој Nvidia го разви специјално за кинескиот пазар, а изворите додаваат дека одлуката претставува обид на Пекинг да ја зголеми домашната конкурентност и да ја намали зависноста од САД. Акциите на Nvidia паднаа за 2,7 проценти денес.

Неколку компании претходно планираа да нарачаат десетици илјади од споменатите чипови и веќе започнаа со тестирање со добавувачите на сервери на Nvidia, велат изворите, додавајќи дека по наредбата на CAC, тие компании ги известиле своите добавувачи да престанат со работа.

Забраната доаѓа откако кинеските регулатори заклучија дека домашните чипови ги достигнале перформансите на моделите што се користат во Кина. Јенсен Хуанг, извршен директор на Nvidia, рече дека очекува да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за способноста на Nvidia да работи во Кина.

- Advertisement -

Можеме да го опслужиме пазарот само ако земјата сака да бидеме таму. Разочаран сум од она што го гледам, но постојат поголеми цели што мора да се разработат меѓу САД и Кина. Ќе бидеме трпеливи“, рече Хуанг.

RTX Pro 6000D, кој може да се користи во автоматизирано производство, беше последниот производ што на Nvidia ѝ беше дозволено да го продава во Кина во значителни количини. Регулаторите во Кина неодамна ги повикаа домашните производители на чипови како Huawei, како и компаниите како Alibaba и Baidu, кои исто така произведуваат свои полупроводници, да известат за тоа како нивните производи се споредуваат со чиповите на Nvidia специфични за Кина.

- Advertisement -

Фото – Trusted Reviews

Сподели!
- Advertisement -