Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  и Обединетите нации потпишаа заедничка Декларација за проширување на соработката

- Advertisement -

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и Обединетите нации денеска во Скопје потпишаа Заедничка декларација за намера. Целта е јасна – да се прошири соработката во поддршка на остварувањето на Целите за одржлив развој 2030 и да се придонесе кон визијата на Националната стратегија за развој.

Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова ја истакна значајноста на овој настан, нагласувајќи: „Со потпишувањето на оваа заедничка декларација, нашиот универзитет ја продлабочува својата соработка со Обединетите нации во поддршка на патот на Северна Македонија кон Агендата 2030 за одржлив развој. Заедно ќе ја унапредуваме научната дејност, ќе поттикнуваме иновации и ќе ги прошириме можностите за ангажман на студентите, обезбедувајќи знаењето создадено во академската заедница да се преточи во конкретни придобивки за општеството и да се придонесе кон поодржлива и поинклузивна иднина.“

- Advertisement -

„Еден клучен аспект на забрзувањето на Целите за одржлив развој е тоа што нивното постигнување во голема мера зависи од широката соработка. Во вистинскиот дух на Целта за одржлив развој 17, ми претставува чест да ја потпишам оваа декларација за намера, која нуди бројни можности за академијата и младите да го зголемат својот придонес кон просперитетот на земјата, а Универзитетот и тимот на Обединетите нации во земјата дополнително да ја прошират соработката“ – изјави д-р Рита Колумбија, резидентен координатор на ОН.

Соработката помеѓу Универзитетот и Обединетите нации ќе се реализира преку различни форми, вклучувајќи промоција на националната експертиза и истражувања, идентификација на најдобри практики и акцелератори, следење и анализа на податоци, кампањи за подигање на јавната свест, стручна дебата за одржливоста, академска соработка и ангажман на студентите преку практикантска работа, волонтирање и менторство.

Сподели!
- Advertisement -