Марк Цукерберг изјави дека до 2030 година мобилните телефони ќе бидат заменети со подискретна и пософистицирана технологија: паметни очила.
Замислете очила кои не само што можат да прикажуваат информации во реално време, туку нудат и интегриран личен асистент директно достапен во вашето видно поле. Гаџет кој би можел да го трансформира начинот на кој комуницираме со дигиталниот свет! Тоа е пофлуиден, поприроден и интуитивен начин да го доживееме нашиот секојдневен живот, без да мора да го вадиме мобилниот, пишува 3dvf.
Ветувањата се бројни: GPS навигација која ја преклопува реалноста, превод во реално време или дури и идентификација на предмети во вашата околина. Но, дали сето тоа ќе биде доволно за паметните телефони навистина да исчезнат?
Промената на навиките на корисниците не е ни приближно толку лесна. Иако очилата имаат очигледен потенцијал, многумина се прашуваат: дали носењето на очила во текот на целиот ден ќе биде практично како користењето паметен телефон?
Носењето таков уред постојано може да предизвика проблеми со удобноста, па дури и естетски проблеми. А што е со ситуациите кога едноставно не сакаме технологијата да се меша во реалноста?
(3dvf)