Vranec World Day 2025: Скопје станува светска винска престолнина на 4-ти октомври

- Advertisement -

Со големо задоволство најавуваме дека Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на Vranec World Day, Светскиот ден на вранецот. Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта Вранец, претставувајќи го Балканот пред светот како вински регион во подем.

Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и гастрономи од целиот регион. Присутните ќе можат да уживаат во дегустации на врвни вина, културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.

- Advertisement -

Пред одбележувањето на Светскиот ден на Вранецот, „Вина од Македонија“ ќе организира Научна конференција за Вранец, која ќе се одржи на 3 октомври во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје. Конференцијата претставува единствена платформа што ги спојува науката, виното и уметноста, а на неа врвни научници и истражувачи од Северна Македонија и регионот ќе ги презентираат најновите сознанија и истражувања за автохтоната сорта Вранец.

Vranec World Day е многу повеќе од вински настан – тоа е прослава на културното наследство и потенцијалот на нашиот регион. Секоја година, Вранецот ја поставува Македонија на светската винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност. Вранецот со својата моќна арома и уникатен карактер ја носи приказната за нашите вина низ целиот свет.

- Advertisement -

Билетите за винскиот салон се веќе во продажба по симболична цена. Oбезбедете го вашето место преку официјалната веб-страница: www.vranecworldday.com и бидете дел од вечер која го слави спојот на виното и уметноста.

Сподели!
- Advertisement -