Викендов се одржува Годишната конференција на Македонска берза

- Advertisement -

Економските изгледи на Македонија и регионот, потенцијалните можности и предизвици за ИПО и прогресот на домашните компании, еволуцијата на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, значењето на помалите берзи, влијанието на обновените стандарди за финансиско известување и насоките во дигиталната трансформација на компаниите, ќе бидат само некои од дискусиите на 24-тата годишна конференција на Македонската берза која ќе се реализира од денес до 27 септември во Охрид.

Според распоредот, поздравни обраќања ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и Бујаре Абази, претседател на Комисија за хартии од вредност.

- Advertisement -

“Годишната конференција на Македонската берза е еден од најважните финансиски настани во Македонија, на кој учествуваат клучни фигури од финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн.”

Се додава дека конференцијата е позната и по својот интернационален карактер, со говорници и учесници од надвор, пред сѐ од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.

- Advertisement -

“Македонската берза повеќе од две децении организира годишни конференции, кои се настан со препознатлив имиџ, како од аспект на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и од аспект на компетентноста на учесниците на бројните панели, презентации и говори”, се потенцира во најавата.

Сподели!
- Advertisement -