- Advertisement -

Собрани над 400 кеси отпад со реализација на проектот „Преку заедништво до почиста природа” – дел од dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи”

На 21 септември, 2025 година, се реализираше еко-проектот „Преку заедништво до почиста природа, кој е дел од избраните иницијативи на еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи. Овој проект е реализиран од здружението „За Почиста Македонија“, а неговото успешно спроведување е со поддршка на компанијата dm drogerie markt.

- Advertisement -

За време на еколошката акција се собраа повеќе од 400 стодваесет литарски кеси ѓубре што е нов рекорд за собран смет во постоењето на За Почиста Македонија.  Еко-акцијата се одржа во околината на Штип, во шумата близу црквата св. Недела, попозната кај штипјани како Мирјанина Црква. На акцијата присуствуваа преку 130 доброволци, некои од нив дојдени со организиран превоз од Скопје и од околните градови во Македонија. Сите учесници беа пречекани на стартниот пункт каде што им беа доделени ракавици, ќеси и маици, а достапни им беа и алати како гребла, фаќалки и лопати.  

Од здружението „За Почиста Македонија“ констатираат дека состојбата на шумата била навистина загрижувачка – на секои два метра имало купишта расфрлан отпад. Сепак, благодарение на заедничкиот ентузијазам и вложениот труд на сите волонтери, собирањето се одвиваше во брзо и ефикасно темпо. Веќе во првите триесет минути поширокиот радиус околу пунктот беше целосно исчистен, што овозможи акцијата да се прошири и во подалечните делови од шумата. Собраниот отпад беше во толкави размери што, покрај првично планираниот простор покрај патот за оставање на полните кеси, мораа да се отворат уште три дополнителни локации за нивно одложување.

- Advertisement -

Според организаторите, акцијата поминала во најдобар ред – во пријатна атмосфера исполнета со дружење, енергија и позитивен дух – учесниците не само што си поминале убаво, туку и се почувствувале корисно и гордо, затоа што со само неколку часа заедничка работа успеале да соберат огромни количества отпад и да придонесат за почиста, поздрава и позелена околина.

Ние во dm веруваме дека секој од нас има улога во создавањето на чиста и  одржлива животна средина. Затоа, со задоволство поддржуваме иновативни еколошки проекти кои можат да направат разлика. Со заеднички сили собравме огромни количества на отпад, со што се потврдува значењето и потребата на ваков тип еко-акции. Заедно со нашите партнери од еколошките организации и младински здруженија продолжуваме со нашите заложби како општествено одговорна компанија за реализација на еко-проекти со цел да ја обновиме природата и да оставиме наследство на зелени простори за идните генерации” – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

- Advertisement -

Еко-проектот „Преку заедништво до почиста природа“ е дел од избраните иницијативи во рамките на dm еко-конкурсот „Заедно за зелени идеи“ – проекти кои се фокусираат на важни активности за заштита на животната средина, вклучувајќи спроведување на акции за чистење на отпад на неколку локации во земјата, проектот „Вардарски острови – нов дом за малата чигра“ кој има за цел реставрација на речни острови по должина на реката Вардар, што ќе помогне во обновата на живеалиштето на одредени видови птици, како и проектот „Охрид ЕКО 2025“ за детектирање и отстранување на цврст отпад со цел заштита на биодиверзитетот околу Охридското езеро.

Компанијата dm drogerie markt oвој месец го лансираше и новиот  еко-конкурс „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со цел раззеленување на училишните дворови на државни и општински градинки, основни и средни училишта  во земјата. Повеќе информации околу новиот конкурс може да прочитате на следниот линк .

Сподели!
- Advertisement -