35 години СТЕРНА и Ricoh Days Skopje 2025: Спој на традиција и технолошки иновации

- Advertisement -

На 25.9.2025 во Hotel Marriott Skopje се одржа Ricoh Days Skopje 2025, конференција што ги обедини дигиталната трансформација, иновациите и одбележувањето на голем јубилеј – 35 години од основањето на СТЕРНА ДОО, официјален дистрибутер на Ricoh за Македонија.

Настанот го следеа повеќе од 50 претставници од македонската бизнис-заедница, ИТ професионалци, партнери и клиенти, кои имаа можност да слушнат инспиративни презентации, да разменат идеи со експерти и да се запознаат со најновите решенија за управување со документи, автоматизација и дигитализација на процеси.

- Advertisement -

Под мотото “Reimagining Work: Smarter, Greener, Digital”, конференцијата отвори теми кои се од витално значење за модерните компании:

– Зоран Вељановски, генерален директор на СТЕРНА, ја отвори конференцијата со говор за „Оптимизација на трошоците во дигиталната ера“, претставувајќи практични примери како компаниите можат да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат оперативните трошоци со помош на модерни технологии.

- Advertisement -

– Sha Nan од Ricoh International ја сподели глобалната визија на Ricoh и улогата на компанијата како светски лидер во иновациите и одржливи решенија.

– Taariq Martin од Ricoh International зборуваше за интелигентните решенија за управување со документи и автоматизација на работните процеси, нагласувајќи дека дигиталната трансформација е клучот за конкурентност во иднината.

- Advertisement -

Настанот беше збогатен со изложба на најновите Ricoh мултифункционални печатари и интерактивни табли, овозможувајќи на присутните одблизу да се запознаат со технологијата и да дискутираат директно со експертите од СТЕРНА и Ricoh.

„Денеска одбележуваме голем и важен јубилеј за нас, 35 години работа, посветеност и партенрства. Од основањето во 1990 до денес СТЕРНА не е само добавувач на опрема за печатење, скенирање и копирање, туку партнер на сите наши клиенти во Македонија. Од мала компанија на почетокот прераснуваме како лидер во областа на решенија за печатење и документ менаџмент решенија на пазарот во Македонија. Со денешната конференција Ricoh Days Skopje 2025 испраќаме јасна порака – иднината е дигитална, одржлива и ефикасна. Нашата мисија останува иста – да носиме иновации и технологии за управување и печатење на документи што ги унапредуваат бизнисите и заедницата во целина“, изјави Зоран Вељановски, генерален директор на СТЕРНА.

Со оваа конференција, СТЕРНА и Ricoh уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон дигиталната трансформација, ефикасноста и модернизацијата на компаниите во Македонија, поставувајќи повисоки стандарди во интеграцијата на технолошките решенија за управување со документи, автоматизација на процесите и оптимизирано и еколошко печатење на документи.

Сподели!
- Advertisement -