Сега има нов еднорог во светот на вештачката интелигенција

- Advertisement -

Sierra, стартап компанија која развива вештачка интелигенција, затвори нова рунда финансирање во вредност од 350 милиони долари. Оваа инвестиција ја донесе компанијата до пазарна вредност што надминува 10 милијарди долари.

Според CNBC, вредноста на компанијата е повеќе од двојно зголемена во споредба со претходната рунда на финансирање, одржана во октомври 2024 година.

- Advertisement -

Sierra е основана во 2023 година и развива агенти базирани на вештачка интелигенција, кои автономно извршуваат разни задачи за корисниците. Овие интелигентни агенти можат да се користат за широк спектар на услуги: од нарачување храна и организирање достава, до рефинансирање на хипотеки и обезбедување техничка поддршка.

Компанијата ќе го насочи собраниот капитал кон развој на својата платформа и проширување на својот бизнис, како на американскиот, така и на меѓународните пазари.

- Advertisement -

Овој потег ја става Sierra во елитна група стартапи, познати како „еднорози“, кои имаат пазарна вредност од повеќе од 10 милијарди долари. Други членови на оваа ексклузивна група се OpenAI, Anthropic, xAI, Safe Superintelligence и Thinking Machines.

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Sierra)

Сподели!
- Advertisement -