WITCON 2025: Вештачка интелигенција, иновација и технологии во 2 дена

- Advertisement -

Топ 3те теми што ја одбележаа 2025та година на една конференција во 2 дена. Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува 3тото издание на WITCON-конференција за вештачка интелигенција, иновација и технологија!

Трета година по ред WITCON прераснува во платформа на спој помеѓу знаењето, искуството и талентот со зголемен број на посетители како и говорници на сцена. Токму затоа, оваа година очекувајте над 450 посетители, 65+ говорници и претставници на над 100 компании од Македонија, регионот и светот во 2 дена. Да, оваа година WITCON прераснува во 2-дневна конференција и тоа 21ви ноември онлајн со глобални учесници и публика, додека пак 22ри ноември ќе бидеме домаќини во хотел Marriott Hotel Skopje  на целодневна дружба.

- Advertisement -

Ги покануваме сите ентузијасти во вештачка интелигенција, иновации и технологии, професионалци од сферата и секако пионери од истата да ни се придружат во овие два дена каде што очекуваме дека ќе се креираат нови идеи за продукти и услуги.

„Иако верувавме дека ќе дојде денот кога ќе мора да ја пораснеме WITCON на некој начин, не очекував дека тоа баш ќе биде оваа година. Енергијата, споделеното знаење, инспирацијата и цела позитивна атмосфера што ја носи конференцијата го зголеми интересот, а ние секако доаѓаме подготвени со нови идеи и нови концепти оваа година, па очекувајте изненадувања“ – вели Моника Ризовска Таневска,  амбасадор на Women in Tech Macedonia & глобален Community Director на Women in Tech.

- Advertisement -

Обезбедете си карта на време на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/witcon-2025/ и следете не на Facebook, Instagram & LinkedIn со повеќе новости и најава на говорници!

За WITCON:

- Advertisement -

WITCON е врвна технолошка и  конференција посветена на истражување на пресекот на иновациите, технологијата и претприемништвото. Секоја година, WITCON обединува индустриски лидери, експерти и ентузијасти за да разменуваат идеи, да создаваат партнерства и да инспирираат промени. Со динамична постава на говорници, панел дискусии и можности за вмрежување, WITCON е крајната дестинација за оние кои би сакале да ја обликуваат иднината на технологијата и бизнисот.

Сподели!
- Advertisement -