АЕТМ: Раст од 34.3% на вредноста на онлајн трансакциите во првите 6 месеци годинава

- Advertisement -

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Северна Македонија, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 28,060.7 милиони денари или 456.3 милиони евра, што преставува пораст од 34.3% во однос на истиот период минатата година.

Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 255,1 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 21.4%. При тоа од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 14,211.1 милиони денари или 231.1 милиони евра, што преставува пораст од 19.7%, додека од странци направена е вредност од 1478.2 милиои денари или 24 милиони евра со пораст од 40.8% во однос на истиот период минатата година.

- Advertisement -

Од друга страна, Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 12,371.4 милиони денари или 201.2 милиони евра односно 55.1% пораст во однос на истиот период минатата година.

Вредност на остварени онлајн трансакции во Q2 2024 и 2025 и остварен пораст

- Advertisement -
Извор: НБРСМ


Број на реализирани онлајн трансакции

Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 13.8 милиони трансакции што преставува пораст од 33.8%. Најголем пораст на бројот на онлајн трансакции има кон странските е-трговци остварени од домашни платежни картички, односно направени се 6.1 милиони трансакции, или за скоро 75% повеќе во однос на минатата година.

- Advertisement -

Број на остварени онлајн трансакции во Q2 2024 и 2025 и остварен пораст

Извор: НБРСМ

Податоците од анализата јасно укажуваат дека е-трговијата во Македонија продолжува со позитивен тренд, со континуиран раст и на вредноста и на бројот на онлајн трансакциите. Посебно се издвојува значителниот пораст кај трансакциите кон странските е-трговци, каде што бројот расте побрзо од вредноста, што говори за почести нарачки, но со помала вредност. Овој тренд најмногу се поврзува со појавата на Тему, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој се нуди на платформата е со платежна картичка. Во исто време, охрабрувачки е што и домашните е-трговци бележат стабилен раст и во број и во вредност на трансакциите, што ја потврдува зголемената доверба на потрошувачите и постепената консолидација на домашниот пазар. Овие резултати се показател дека е-трговијата сè повеќе се развива и добива на значење, отворајќи простор за понатамошен раст и дигитална трансформација на економијата.“ – вели претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска Станков.

Просечна вредност на трансакција

Просечната трансакција на вкупните онлајн трансакции изнесува 33.2 евра, скоро исто како и минатата година. Поголем раст на бројот на онлајн трансакциите во однос на вредноста на онлајн трансакциите е забележан кај купувањата од домашните иматели на платежни картички кон странски е-трговци, што доведува до пад на просечната трансакција од 11.3 %, со што оваа вредност е дури помала од просечната трансакција на домашните онлајн купувачи кон домашните е-трговци.

Просечна вредност на остварени онлајн трансакции во Q2 2024 и 2025 и остварен пораст

Извор: НБРСМ

Нови отворени е-продавници

Во текот на првите 6 месеци од 2025 година, регистрирани се 120 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Во рамки на својата мисија за унапредување на е-трговијата, Асоцијацијата за е-трговија не само редовно што ги анализира податоците од Народната банка, туку и континуирано работи на едукација и поддршка на новите и постоечките е-трговци. Токму во таа насока, АЕТМ ја организира Годишната регионална конференција за е-трговија, која оваа година ќе се одржи по осми пат, на 4 ноември во Националната опера и Балет во Скопје.

Конференцијата е препознаена како најголем регионален настан од оваа област и претставува уникатна платформа за споделување знаење, запознавање со најновите трендови и можности за вмрежување на компании, институции и професионалци од целиот регион.

Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk .

Сподели!
- Advertisement -