Интервју со Добринка Стефановa Ѓорѓиева, директор на одделот за Одржлив развој во ПроКредит Банка
За почеток, што претставува ProActive новолансираниот проект на ПроКредит Банка?
Со ProActive, ПроКредит Банка ја започнува новата ера на одговорно банкарство, каде што секој клиент не е само корисник на финансиски услуги, туку и активен учесник во создавање подобро утре.
ProActive не е само платформа, тоа е движење што ги обединува сите наши општествено одговорни активности со јасна цел – да создадеме позитивна промена и преставува природен развој на нашата долгогодишна општествено одговорна мисија. Но најважно, тоа е место каде можат да ни се приклучат клиентите и да станат активни учесници во промената. Ги повикуваме сите прогресивни луѓе кои сакаат да придонесат за одржливо, инклузивно и правично општество да ни се придружат – затоа што само заедно можеме да оставиме вистинско влијание.
Така, дел од секоја месечна претплата на клиентите кои го користат ПроАктив пакетот оди во фонд за поддршка на локални проекти со позитивно влијание, а членовите на платформата имаат право на глас при изборот на иницијативи, пристап до едукативни содржини и редовни информации за резултатите од нивниот придонес.
ProActive е нашата заедничка заложба да водиме сметка. За себе. За другите. За иднината.
Што ја мотивираше ПроКредит Банка да ја креира ProActive платформата и која е пошироката визија зад оваа иницијатива?
Нашата приказна не започнува тука и со ПроАктив, туку со основањето на ПроКредит Банка и со визијата за банкарство кое има цел, вредности и позитивен импакт, банкарство кое не е само финансиски посредник, туку катализатор на одржлив раст и развој.
Во Банката веруваме дека одржливоста не само е избор – туку и наша обврска. Нашата определба за одржливо работење не се гледа само во бројките. Таа се гледа во секојдневните избори – каде инвестираме, што поддржуваме, како се однесуваме кон заедницата.
Кои мерки и методи ги имате преземено на оваа тема и дали имате направено конкретни активности за минимизирање на негативно влијание врз животната средина?
Нашата определба за заштита на животната средина не е само декларативна – таа е длабоко вградена во нашето секојдневно работење и стратешки одлуки. Веруваме дека секоја акција, колку и да е мала, има моќ да создаде голема промена. Затоа, преземаме конкретни и системски мерки за минимизирање на негативното влијание врз природата, водени од три основни столба:
- Интерен систем за управување со животната средина
- Управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето
- Промоција на зелено финансирање
Нашата цел е јасна: да ја зачуваме природата за идните генерации. И тоа го правиме со визија, одговорност и страст.
- Што поточно подразбирате под интерен систем за управување со животната средина? Дали го имате намалено сопствениот јаглероден отпечаток?
Кога зборуваме за интерен систем за управување со животната средина, не мислиме само на формални процедури – туку на целосна трансформација на начинот на кој функционираме. Нашиот систем е дизајниран да ги интегрира еколошките принципи во секој аспект од работењето, со јасни цели, редовен мониторинг и континуирани подобрувања.
Токму преку ваквиот воспоставен систем значително го имаме намалено сопствениот јаглероден отпечаток. Тоа не е случајно, туку резултат на стратешки и одржливи инвестиции:
Нашата централна зграда е сертифицирана со EDGE Advanced, благодарение на:
- 73% заштеда на енергија
- 21% заштеда на вода
- користење на одржливи материјали
65% од возниот парк е електричен, што значително ги намалува емисиите од транспорт.
Во последните 10 години, потрошувачката на електрична енергија е намалена за 50%, а употребата на хартија за 80% – и тоа што останува да го користиме секако е 100% рециклирана хартија.
Овие резултати не се само бројки – тие се доказ дека одржливоста е дел од нашата ДНК. Секоја одлука, секоја инвестиција и секој процес е насочен кон заштита на животната средина и создавање подобра иднина.
Како ја пренесувате одговорноста во кредитирањето? Дали одбивате клиенти кои не се усогласени со вашата политика за одржливост?
Одржливоста е темел на нашата кредитна политика. Веруваме дека секоја финансиска одлука носи одговорност – не само економска, туку и општествена и еколошка. Затоа, внимателно проценуваме каде и како инвестираме, со јасна цел: да не поддржуваме активности што можат да ѝ наштетат на животната средина или на заедницата.
Да, одбиваме финансирање на клиенти и проекти кои не се усогласени со нашите принципи за одржливост. Имаме прецизно дефинирана листа на исклучени дејности или активности што не ги кредитира ПроКредит Банка, бидејќи се во спротивност со нашите вредности. Тоа вклучува:
- Практики што се неетички или социјално штетни
- Активности што претставуваат ризик за здравјето и безбедноста
- Проекти што можат да предизвикаат долгорочна еколошка деградација
Ова не е само политика – тоа е наш став. Сакаме да бидеме партнери со клиенти кои делат иста визија за одржлива иднина. Преку ваков пристап, не само што го заштитуваме природниот и социјалниот капитал, туку и градиме доверба и стабилност во економијата.
На кој начин ја промовирате зелената транформација кај вашите клиенти?
Зелената трансформација не е само тренд – таа е неопходност. Затоа, ние не сме пасивни набљудувачи, туку активни партнери на нашите клиенти во нивниот пат кон одржливост.
Ние иницираме, поддржуваме и инспирираме.
Преку едукативни настани, директна комуникација и споделување на знаење, ги охрабруваме клиентите да размислуваат долгорочно и да инвестираат одговорно. Нашата цел е да ги поттикнеме на решенија што се добри и за нивниот бизнис, и за животната средина.
Како резултат на ова, значителен дел од нашето кредитно портфолио е насочен кон зелени и одржливи инвестиции – што е доказ дека промената е возможна кога се работи заедно.
Нашата заложба не завршува со финансирање.
Донации, поддршка на иницијативи, пошумување, едукација, подигнување на свесноста – сето тоа е дел од нашата мисија да создадеме подобра иднина за сите: за вработените, клиентите, заедницата и акционерите.
Ова не е само стратегија. Ова е наша одговорност. Ова е нашата визија.
Може ли сега подетално да ни објасните што значи приклучувањето на секој еден клиент кон ProActive? Клиентите имаат можност да предлагаат иницијативи што им дава навистина активна улога во процесот. Како одлучувате кои предлози од клиентите ќе бидат поддржани?
ProActive платформата е дизајнирана така што секој клиент кој се приклучува станува дел од заедничка мисија – да се создава реална, мерлива и долгорочна вредност за општеството и животната средина. За да го осигуриме тоа, поставивме неколку механизми:
Прво, ПроКредит Банка издвојува 30 мкд од редовната месечна членарина на клиентите кои одат во фондот за поддршка на проекти со јасно дефинирани критериуми – тие мора да имаат позитивен еколошки, социјален или економски ефект.
Второ, проектите се избираат транспарентно, со вклученост на самите клиенти кои можат да предлагаат иницијативи и да гласаат за нивна реализација. Со поднесување на предлог-проект на следниот линк клиентите стануваат дел од процесот на селекција на иницијативи со позитивно влијание.
Секој предлог иницијално се разгледува во рамки на Комитетот за одржлив развој на Банката. Потоа, предлозите кои го поминале овој чекор се споделуваат со ProActive заедницата, која преку гласање одлучува кои проекти ќе добијат финансиска поддршка од заедничкиот фонд – создаден од нашите месечни донации.
Клиентите исто така ќе добиваат редовни информации за тоа каде завршува нивниот придонес – кои проекти се поддржани, какви резултати се постигнати, и какво влијание е остварено.

- ProActive картичката е биоразградлива Mastercard картичка со премиум поволности. Дали може да ни кажете нешто повеќе за тоа?
ПроАктив најпрво води сметка за тебе, па затоа и доаѓа во пакет со многубројни поволности и дебитна премиум биоразградлива Mastercard World картичка.
Со отворањето на ПроАктив сметка, клиентите директно стануваат дел од нашата одговорна заедница која ги поврзува личните финансии со општественото добро и дополнително добиваат премиум поволности како: Неограничени бесплатни трансфери во земјата, неограничени повлекувања на денари од секој банкомат во земјата без провизија, ексклузивен пристап и бесплатно користење на деловни аеродромски салони преку Mastercard LoungeKey, 6 пати во годината на над 1.500 аеродроми во светот, како и роаминг поволности во повеќе од 200 земји со Mastercard Global Data Roaming преку апликацијата Flexiroam.
Едноставно, ProActive е сметка што води сметка за тебе и за сé околу тебе!
Може да прочитате повеќе за ProActive сметката и нејзините поволности на следниот линк.
За крај, едно повизионерско размислување – како се редефинира улогата на банките во создавање на одржливо општество денес на глобално и локално ниво?
Во време на глобални предизвици како што се социјални нееднаквости, економска несигурност и климатски предизвици, банките веќе не можат да бидат само финансиски институции. Денес, тие со својата моќ и одговорност, имаат клучна улога да ги насочат изборите кон подобро утре. Не како набљудувачи, туку како активни учесници.