На најголемиот саем за храна и пијалаци Anuga 2025, кој се одржува во Келн од 4 до 8 октомври, Виталиа го претстави најновиот бран на иновации во областа на здравата и функционалната исхрана. Со впечатливите нови производи и современиот изложбен концепт, тимот на Виталиа ја однесе македонската експертиза во срцето на европската прехранбена индустрија.
Оваа година темата на саемот е „Sustainable Growth“ (Одржлив развој), тема под која Anuga ги дефинира водечките насоки за иднината на храната: функционална исхрана, чиста декларација (clean label) и научно базирана иновација. А токму овие принципи ги создаваат и темелите на Виталиа, што е јасно видливо и во новите производи кои компанијата ги претстави пред меѓународната публика.
Еден од новитетите претставени на Anuga 2025 беше новата линија на екструдирани чипсови на Виталиа, наречена „Elements“. Производите од оваа линија се направени со иновативната технологија на екструзија, што значи без пржење и со минимално количество масло, на тој начин задржувајќи ги природниот вкус и лесната, крцкава текстура.


Премиум протеински бар со ф’стак : за функционално уживање со нутритивна вредност
Освен линијата „Elements“, Виталиа се претстави и со својот најнов премиум протеински бар со ф’стак, бар што го спојува врвниот неодолив вкус со функционалност. Овој производ содржи три извори на протеин и тоа протеин сурутка изолат, млечен протеин и колаген, и е збогатен со магнезиум кој придонесува за енергија и оптимална мускулна функција. Протеинскиот бар е без додаден шеќер, што го прави идеален за безгрижно уживање.
Со иновативниот микс на беспрекорен вкус и функционални придобивки од исхраната, Виталиа создаде сопствено решение за еден од најсилните трендови присутни на саемот – „functional indulgence“ (функционално уживање), кој ги обединува задоволството во вкусот и реалните нутритивни придобивки.
Со присуството на Anuga 2025, Виталиа уште еднаш ја потврдува својата позиција како иновативен македонски, европски и светски бренд, кој повеќе од три децении успешно ги поврзува традицијата на медитеранската исхрана со современата нутриционистичка наука и технолошкиот развој.
Компанијата го завршува саемот со серија остварени контакти и потврден интерес од клучни светски дистрибутери, подготвена да ги пренесе иновациите од Македонија на глобалната сцена. Со ова, Виталиа ги поставува темелите за понатамошен раст и пласман на своите иновативни производи на меѓународните пазари.


