Британската документарна програма „Dispatches“ на Канал 4 стана првиот телевизиски формат во Велика Британија што користи водител генериран од вештачка интелигенција.
Експериментот беше спроведен во емисијата наречена „WillAITakeMyJob?“, која се емитуваше во понеделникот, 20 октомври.
Во дел од емисијата гледачите следеа водител кој се однесуваше како човечко суштество и известуваше од различни локации во текот на програмата, сè додека не се откри дека лицето по име Аиша Габан е целосно создадено од вештачка интелигенција.
„Во наредните години, вештачката интелигенција ќе влијае на сите наши животи, а за некои тоа ќе значи губење на работните места. Вработени во кол-центар? Агенти за услуги на клиентите? Можеби дури и ТВ водители како мене. Бидејќи не сум реална. Јас сум првата водителка со вештачка интелигенција на британската телевизија.“
Уредничката за вести и актуелни настани на Channel4, Луиз Комптон, рече дека ова нема да биде стандардна практика за каналот.
„Нашиот фокус останува на квалитетно, докажано и непристрасно новинарство, за што вештачката интелигенција во моментов не е способна“, заклучи таа.
(021)
(фото: Easy Peasy AI)



