Јапонци создадоа машина за перење луѓе

- Advertisement -

Јапонската компанија Science Corporation ја претстави Mirai Ningen Sentakuki, односно футуристичка перална за “перење луѓе” во склоп на нивниот павилјон Osaka Healthcare во склоп на светската изложба Osaka-Kansai Expo 2025 , која заврши претходно овој месец.

Овој необичен концепт има за цел да го промени традиционалниот начин на одржување на хигиената и да ги воведе луѓето во нова ера во која и телото и умот се чистат истовремено.

- Advertisement -

Машината за перење луѓе е всушност монументална капсула со ниско седиште. Откако корисникот ќе седне во неа, покривот се спушта и целосно се затвора. На екранот почнуваат да се појавуваат релаксирачки сцени – како што се слики од подводниот свет или зајдисонца придружени со смирувачка музика.

Капсулата постепено почнува да се полни со топла вода и ултрафин сапун до ниво на градите, миејќи го корисникот. Потоа оваа вода се испушта, а млазниците прскаат чиста вода за да ја измијат пената и нечистотијата.

- Advertisement -

Целиот процес на чистење на телото трае само неколку минути и не бара никаква акција од лицето внатре.

Постапката е автоматизирана со помош на вештачка интелигенција. Прецизните сензори во капсулата постојано го мерат нивото на водата, температурата и протокот за да обезбедат максимална удобност за корисникот.

- Advertisement -

Производителите нагласуваат дека машината за перење луѓе ја минимизира и потрошувачката на вода наменета за капење, а содржи и интелигентни решенија за рециклирање и филтрирање на водата. Оние кои досега ја пробале се воодушевени од новиот концепт за капење.

Погледнете како изгледа првата машина за перење луѓе од фотографиите во прилог.

(Pun Kufer)

Сподели!
- Advertisement -