Во Париз отворена изложба на некои од најнеуспешните производи низ историјата

- Advertisement -

Во Париз е отворена изложба на неуспешни производи, а меѓу неуспесите се, меѓу другите, кукла што може да касне детски прст, лазањи произведени од компанијата Colgate и сода Crystal Pepsi, објавија денес француските медиуми.

Кураторот на изложбата наречена „Flops (Неуспеси)“, која се одржува во Музејот на уметност и занаети до 17 мај следната година, Жан-Батист Тене, избра иновации од различни категории кои не биле прифатени од потрошувачите.

- Advertisement -

Во категоријата храна, лазањите произведени од познатиот бренд за паста за заби Colgate особено привлекуваат внимание.

„Ако сте најпознати по пастата за заби, дури и ако сакате да ја проширите вашата база на клиенти со друг производ, едноставно не функционира кога ќе го ставите логото на Colgate на кутија за храна затоа што луѓето мислат дека има вкус на паста за заби“, објаснува кустосот.

- Advertisement -

Потоа тука е и Crystal Pepsi, флаширана сода што компанијата ја лансираше со голема рекламна кампања, но производот не се покажа добро, првенствено затоа што сите мислат дека колата треба да биде кафеава, а не бистра.

Во категоријата играчки што се покажаа како опасни се пикадото од Jarts Garden, кое се фрла од лак кон цел на земја, но ако ја промашат целта, може сериозно да повреди некого.

- Advertisement -

Овој предмет предизвика смрт на шест лица и повреди 3.000, по што беше забранет.

Куклата Cabbage Patch Kids, која има механизам во устата што ѝ овозможува да јаде пластична храна, но нема вграден сензор, исто така се покажа како опасна и во неколку наврати ги гризела прстите на децата.

Потоа е тука и Barbie Rollers, кукла на ролерки, но проблемот е што тие можат да предизвикаат вистински искри, кои во доста ситуации запалиле теписи.

Некои производи завршија на изложбата поради нивниот неуспешен дизајн, а најочигледен пример се маиците на Zara од 2014 година, со црно-бели пруги и жолта шерифска ѕвезда, но кои неодоливо потсетуваат на облеката што ја носеле затворениците во нацистичките концентрациони логори.

„Како е можно дизајнерите да не го забележале ова?“ велат кураторите.

(EuroNews)

(фото: Musee des arts des metiers)

Сподели!
- Advertisement -