Вчера во Словенија стапи на сила забрана за трајно врзување на кучиња во домаќинствата, објави Управата за безбедност на храната, ветеринарството и заштитата на растенијата.
Според измените на Законот за заштита на животните од 2023 година, кучињата повеќе не смеат да бидат трајно врзани со синџири или јажиња, објави RTV SLO.
Сопствениците сега мора да обезбедат безбедна и пространа површина каде што кучињата можат слободно да се движат, со соодветна заштита од временските услови и можност да се спречи нивното бегство.
За прекршителите на законот се предвидени казни од 1.000 до 1.600 евра.
Управата нагласи дека трајното врзување има сериозни последици врз физичкото и психолошкото здравје на кучињата – може да предизвика повреди, нарушувања во однесувањето и зголемена чувствителност на екстремни температури.
Забраната, сепак, не се однесува на употребата на поводник при шетање кучиња или на јавни места за контрола и безбедност.
(24 sedam)
(фото: Pexels)



