Египет воведува брзи возови кои ќе возат 250 км/ч низ пустината

- Advertisement -

Египет се подготвува за транспортна револуција со воведувањето на брзи возови кои наскоро ќе се тркаат низ пустинскиот пејзаж.
Компанијата Siemens Mobility неодамна претстави нова генерација возови Velaro, дизајнирани за египетската клима, кои ќе достигнуваат брзина до 250 километри на час и ќе ги поврзуваат клучните градови низ земјата, објавува CNN, пренесува Index.

Новата верзија на возот Siemens Velaro, популарно наречен „пустински ѓавол“, беше јавно претставена на 9 ноември на саемот TransMEA 2025 во Нов Каиро. Вкупно 41 ваков воз ќе го формираат ‘рбетот на новата национална мрежа за брзи железници долга 2.000 километри. Проектот, најавен уште во 2018 година, се развива во партнерство со „Араб Контракторс“ и „Ораском Констракшн“

- Advertisement -

Мрежата ќе се состои од три линии што ги поврзуваат главните градови во Египет, со што брзата железница ќе биде достапна за речиси 90% од населението. Според најавите од „Сименс“, времето на патување ќе се намали за дури 50 проценти. Возовите се дизајнирани и изградени во Германија и се специјално оптимизирани за суровата пустинска клима со напредни системи за филтрирање и ладење за борба против песок, топлина и прашина.

На истиот ден кога беше претставен „Веларо“, дебитираше регионалниот воз „Дезиро“ на „Сименс“, со висок капацитет, кој достигнува максимална брзина од 160 км/ч. Пробното возење се одржа во близина на новото суво пристаниште западно од Каиро. Тоа пристаниште, со капацитет од 260.000 контејнери и пет железнички линии, е клучен дел од таканаречената Зелена линија.

Станува збор за мрежа долга 660 километри, наречена „Суецки канал на железници“, која ќе ги поврзува Црвеното и Средоземното Море. Линијата ќе се протега од Аин Сона на југ до Каиро, Александрија и Марс Матру на северниот брег. Се очекува новата мрежа да го зголеми товарниот капацитет на Египет за дури 46%.

- Advertisement -

Африка во трката за брзи железници
Иако египетскиот проект е монументален, тој не е прв од ваков вид на континентот. Уште во 2018 година, Мароко ја отвори првата брза линија во Африка што ги поврзува Тангер и Казабланка со брзина до 320 км/ч.

И други земји имаат големи планови. Нигерија работи на проект за брза железничка мрежа вреден 60 милијарди долари, а Африканската унија има и долгорочни амбиции. Нејзиниот водечки проект, Африканската интегрирана мрежа за брзи железници, е дел од Агендата 2063.

- Advertisement -

Африканската унија верува дека брзите железници би можеле да ги намалат трошоците за транспорт за 40% и да ја зголемат трговијата меѓу Африканците од сегашните 15% на повеќе од 50% во наредните децении.

(B92)
Фото – Wikipedia

Сподели!
- Advertisement -