Инцидентите во авион стануваат сè попроблематични, а некои земји одлучија да преземат мерки и да ги казнуваат непослушните патници.
Така, Франција презема одлучни и ефикасни мерки за борба против несоодветното однесување на авион, воведувајќи нов сет санкции. Земјата воведе строги мерки против приблемите на летовите, тврдејќи дека таквото однесување претставува „растечка закана за безбедноста на летовите“.
Француската влада предупредува дека во Европа агенциите за воздухопловство регистрираат помеѓу 200 и 500 инциденти на летови месечно. Во 2024 година Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) регистрирала еден инцидент на секои 395 летови.
Затоа, Франција донесе регулатива што стапи на сила на почетокот на ноември, со која се воспоставува посебна база на податоци на која француските авиокомпании можат да пријавуваат „штетно однесување“.
Патниците што ќе прекршат три главни правила сега ќе се соочат со високи казни до 10.000 евра – или 20.000 евра за повторен прекршок.
Ова вклучува користење на електронски или електричен уред кога неговата употреба е забранета за време на дел или целиот лет, како и мешање во работата на екипажот или нивната безбедност.
Во најсериозните случаи службените лица потврдија дека на патниците може да им биде забрането да се качуваат во авион до четири години. Овие санкции важат за сите летови што ги вршат авиокомпаниите со оперативна лиценца издадена во Франција.
Новите правила ќе коегзистираат со постојните административни санкции во Франција, кои вклучуваат кривично гонење за најтешките прекршоци. Ова може да доведе до затворски казни до пет години и парична казна до 75.000 евра.
(Kamatica)



