Пристигна второто издание на едукативната игра за човекови права „Навигатор“

- Advertisement -

За да учествуваат во извлекувањето, играчите треба да освојат најмалку 1.000 поени, по што автоматски стануваат квалификувани за главната награда, додека првите 10 највисоко рангирани играчи на табелата ќе добијат специјални награди од амбасадите на земјите членки на ЕУ

Јуроп Хаус денес го лансираа новото издание на едукативната онлајн игра „НАВИГАТОР“,  создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денес, 25 ноември, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда, ИТ ваучер во вредност од 60.000 денари.

И оваа година, во рамки на иницијативата #TeamEurope, во играта повторно се вклучуваат амбасадите на земјите-членки на ЕУ, кои ќе придонесат со бројни награди, меѓу кои велосипед, патување во Германија, курс по шпански јазик, карти за воз низ Европа и многу други вредни подароци.

- Advertisement -

Играта може да се игра на македонски и албански јазик и е достапна онлајн на https://europehouse.mk/navigator/

За разлика од лани, оваа година играта добива значајни унапредувања кои го збогатуваат процесот на учење и ги засилуваат интерактивните елементи. Новитет е воведувањето на „Портокаловата планета“, посветена на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Останатите планети продолжуваат да обработуваат теми од различни области поврзани со човекови права, но сега со проширена содржина и унапреден систем на игра што нуди подинамично и поинтересно корисничко искуство.

- Advertisement -

За да учествуваат во извлекувањето, играчите треба да освојат најмалку 1.000 поени, по што автоматски стануваат квалификувани за главната награда, додека првите 10 највисоко рангирани играчи на табелата ќе добијат специјални награди од амбасадите на земјите членки на ЕУ.

Играта може да се игра неограничен број пати во текот на целиот период, а поени носат само точно и навреме одговорените прашања.

- Advertisement -

„Навигатор“ е резултат на заедничкиот ангажман на Јуроп Хаус, Канцеларијата на ОН во РСМ, здружението за изработка на игри „Галактик Омнивор“, Македонското здружение на млади правници, а се реализира и со поддршка од Министерството за образование. Ова издание добива дополнителна симболика во годината кога се одбележуваат 75 години од Европската конвенција за човекови права.

Победниците на играта ќе бидат објавени на церемонијата за доделување на наградите на 17 декември 2025 година во Јуроп Хаус Скопје.

Сподели!
- Advertisement -