Samsung ги претставува новите Galaxy Tab A11+ и Galaxy Tab A11. Компактни и лесни, овие таблети се создадени да понудат забава и продуктивност каде и да се наоѓате. Со удобни екрани и паметни функции поддржани од вештачка интелигенција, тие го прават Galaxy искуството подостапно од кога било. Моделот Galaxy Tab A11+ доаѓа и со новиот интерфејс One UI 8.0.

Премиум дизајн
И Galaxy Tab A11+ и Galaxy Tab A11 се одликуваат со елегантен, модерен дизајн достапен во сива и сребрена боја. Камерата и страничните копчиња се инспирирани од иконскиот изглед на паметните телефони Samsung Galaxy и серијата Galaxy Tab S11. Тенки и компактни, таблетите лесно се носат и природно се вклопуваат во секојдневниот живот.

Моќ што испорачува резултати
Љубителите на забава можат да уживаат во јасно и беспрекорно прикажување на 90Hz дисплејот со 11 инчи кај Galaxy Tab A11+ и 8,7 инчи кај Galaxy Tab A11 – придружен со импресивен Dolby Atmos звук. Опремени се и со 3,5 mm приклучок за слушалки, па корисниците можат лесно да поврзат жични слушалки ако немаат Bluetooth модели, како што се новите Galaxy Buds3 FE, најновите Samsung слушалки со активно потиснување на бучавата.
Двата модела имаат долготрајни батерии – 7.040 mAh кај Galaxy Tab A11+ и 5.100 mAh кај Galaxy Tab A11 – што обезбедува користење во текот на целиот ден. Galaxy Tab A11+ дополнително поддржува брзо полнење од 25W. За складирање, Galaxy Tab A11+ е достапен со 128GB или 256GB простор, додека Galaxy Tab A11 доаѓа со 64GB или 128GB. Двата модели поддржуваат microSD картичка до 2TB, што овозможува складирање на сите фотографии и видеа без грижа.
Новата 5MP предна камера е совршена за селфи фотографии или видео повици со пријателите и семејството.
Серијата Galaxy Tab A11 е создадена да трае со седум генерации на ажурирања на оперативниот систем и безбедносни надградби.

Galaxy Tab A11+: Попаметен и поинтуитивен од кога било
Galaxy Tab A11+ го претставува новиот интерфејс One UI 8.0, кој овозможува мазно и интуитивно корисничко искуство. Со Gemini функцијата, корисниците можат да пристапат до контекстуални информации и природно да комуницираат со дигиталниот асистент како да разговараат со пријател.
Со едноставен гест, може да се активира DeX режимот на Galaxy Tab A11+, претворајќи го интерфејсот во работна површина слична на компјутер. Може да се отвораат повеќе прозорци истовремено, да се влечат и пуштаат датотеки во е-пошта и да се пристапува до дополнителни функции со десен клик.
Корисниците на серијата Galaxy Tab A11 можат лесно да ги организираат своите белешки со Samsung Notes, кој сега автоматски решава и математички равенки.

Достапност
Galaxy Tab A11 и Galaxy Tab A11+ ќе бидат пуштени во продажба од 28 ноември 2025 година.



