Од 1 декември парното поскапува за 5,9%. Сметките ќе бидат повисоки за околу 130 денари!

- Advertisement -

За над 62.000 домаќинства кои се греат на најголемиот систем на ЕСМ Дистрибуција на топлина поскапувањето изнесува 5,9%.

За потрошувачите на ЕСМ Енергетика, или железарското парно на кое се поврзани 1.900 домаќинства зголемувањето е 7,6%, а за околу 450 домаќинства кои се греат преку Скопје Север поскапувањето е 7,7%.

- Advertisement -

Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски просечната сметка ќе се зголеми за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари. Според него, единствена причина за зголемувањето на цената е тоа ќе се инвестира во дистрибутивната мрежа. Има голем број поплаки, само во октомври имало 22.562 рекламации од граѓани.

„Единствена причина за зголемување на оваа цена е поради тоа што во наредниот период ќе се инвестира во дистрибутивната мрежа, која што некаде е изградена во средината на шеесетите години од минатиот век, и во изминатиот период се менуваа повеќе сопственици и конечно една државна компанија започна да управува 2023-та. Штом имало различни сопственици јасно е дека многу малку е инвестирано во оваа мрежа“, вели Бислимовски.

- Advertisement -

Фото – Pxfuel

Сподели!
- Advertisement -