Тимот StayBe од Битола е победник на „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“ со награда од 1 МИЛИОН ДЕНАРИ. Младите иноватори се натпреваруваат со свои бизнис-идеи односно Систем 4 (StayBe – Битола) подразбира AI-сервис за луксузни ресторани и хотели кој автоматски ги анализира нивните проблеми и нуди три видови дигитални решенија: AI веб-асистент, AI телефонски агент и брза изработка на веб-страни.
Тимот е составен од тројца ученици од трите битолски средни училишта:
- Иван Секуловски — тим лидер од СОУ „Јосип Броз Тито“ (Горна гимназија)
- Јован Талевски — СОУ „Ѓорѓи Наумов“ (Техничко училиште)
- Марио Рабаџиевски — СОУ „Таки Даскалот“ (Долна гимназија)
Организаторите објавија – Големо задоволство ни е да соопштиме на првото издание на „Средношколец Милионер“ – најголемиот натпревар за средношколци во Македонија. Од почетната визија да создадеме платформа што ќе ги открие и поддржи најамбициозните млади претприемачи, до денешното финале, помина долга и интензивна подготовка. Но најважно е што резултатот ја оправдува секоја инвестиција во оваа мисија.
Победникот ја освојува главната награда од 1.000.000 денари, донација од основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски, кој сака да им овозможи на младите претприемачи можност што и нему му била дадена на почетокот.
Покрај тоа, победниците добија и понуда од инвеститорите за дополнителна инвестиција од 6000 евра, како и вредносни ваучери за Бреинстер НЕКСТ и НУ академијата за талентирани средношколци.
„Честитки на сите, бевте фантатични. Не беше лесно да се одлучи кој ќе биде победник, но тоа што го видовме е дека вие сте спремни и иднината останува на вас, буквално. Ние се потпираме на вас и продолжете да го правите ова што го правевте досега. Честитки“, изјави основачот на Бреинстер групацијата Петар Ниновски обраќајќи се до сите финалисти на најголемиот средношколски натпревар во Македонија досега, „Средношколец Милионер“.
Stay BE со „Систем 4“ имаат идеја да помагаат на други бизниси од областа на туризмот и угостителството, со фокус на луксузните хотели со ресторани во САД и државите од Европската Унија.
„Користиме автоматизиран систем со вештачка интелигенција кој наоѓа илјадници ресторани во определена локација, ги аланизира проблемите со кои тој бизнис се соочува, им испраќа порака преку е-пошта за тоа каков проблем имаат, како можеме да им помогнеме со еден од трите системи кои ги нудиме(во некои случаеви покрај пораката испраќаме и бесплатна демо верзија од решението на потенцијалниот клиент за да покажеме професионалност, посветеност и да изградиме доверба).
Системите се: AI асистент за на веб страната (AI Chat Assistant), AI телефонски агент (AI Phone Callers), или надградување/обновување на веб страната за неколку часа користејќи специјализирани алатки со вештачка интелигенција. Потоа, кога добиеме повратна порака, ние веднаш започнуваме да ги градиме тие системи“, пишуваат Stay BE за својата победничка идеја.



