Јужна Кореја го заврши развојот на клучните технологии за воз од следната генерација, кој треба да биде втор најбрз воз во светот до крајот на деценијата со оперативна брзина од 370 километри на час, објави јужнокорејското Министерство за транспорт.
Технологиите за возот од следната генерација, наречен EMU-370, беа развиени како дел од националната истражувачка програма и всушност, можат да развијат максимална брзина до 407 километри на час.
За проектот за развој на технологијата, кој траеше од април 2022 година до декември оваа година, беа издвоени 15,23 милијарди американски долари, од кои речиси четири петтини беа обезбедени од владата, а остатокот беше финансиран од приватниот сектор, објави министерството.
Производството на првите возови од новата генерација ќе започне следната година, а тестирањето прво ќе се спроведе во наредните години, а масовната комерцијална употреба се очекува да започне по 2031 година.
EMU-370,, доколку сè оди според планот, ќе биде вториот најбрз воз во светот, по кинескиот CR450, кој веќе е во фаза на тестирање и има оперативна брзина од 400 километри на час, а планирано е да влезе во комерцијална употреба веќе во 2027 година.
Во моментов во некои поразвиени западни земји, како што се Франција и Германија, возовите возат со брзина до 320 километри на час.
(N1)






























