Инженерите од истражувачкиот центар на Дизни објавија труд во кој опишуваат како го оживеале саканиот Снешко од филмовите „Замрзнато кралство“ како робот што оди – и навистина го направија тоа.
Тоа е извонреден подвиг на инженерството. Инженерите велат дека роботот се насмевнува лежерно и им мавта на луѓето што минуваат.
Роботот претставувал необичен предизвик за инженерите, кои имале задача да направат нешто повеќе од само хуманоид. Има огромна глава со големина на торзо, потпрена на мал врат, и нема видливи нозе – само стапала.
Тие објаснуваат дека едноставното правење кратки чекори на роботот не било доволно. Тие внимателно го наместиле неговиот од за да го имитираат одењето на Олаф од филмот и конкретно се погрижиле да оди од петата до прстите.
За да ги дотераат движењата на роботот, инженерите го обучиле во виртуелна средина користејќи техника позната како засилено учење, во која вештачката интелигенција на роботот се наградува врз основа на постигнување на одредена цел преку илјадници симулации.
Преку учење, системот со вештачка интелигенција на роботот научил малку да ја прилагоди својата положба за да спречи насобирање топлина, со што се спречува илузијата за анимација да се стопи пред нашите очи.
(Klix.ba)






























