The Founder Games ја започнува подготовката за новата сезона и создава можности за инвеститори и партнери во регионалната стартап акцелераторска програма

- Advertisement -

По успешната прва сезона, која ги следеше 40 стартапи од 15 земји низ реални предизвици, инвестициски состаноци и бизнис-симулации, The Founder Games привлече силен интерес кај публиката преку емитување на Voyo, Gley, Player+ и на националните телевизии како ТВ Телма. Стартапите обезбедија инвестиции, започнаа да генерираат приходи и влегоа во инвестициски тек и преговори во вредност од над 6 милиони евра, што го потврдува практичниот импакт на програмата и ја позиционира платформата како отворена сцена за раст и нова генерација основачи.

Сезона 2 пристигнува со нови предизвици и уште поамбициозен формат: снимање на мегајахта, кое ќе создаде уникатен простор за стартапите да го покажат својот напредок, храброст и вредност во реално време. Оваа средина носи ексклузивност, глобален атрактивитет и премиум контекст кој овозможува нови модели на брендирање за партнери и спонзори, а истовремено ја приближува иновацијата кон поширока публика.

- Advertisement -

Во рамки на Season 2 се интегрира и Liora Women in Business, иницијатива што ги поврзува жените претприемачи и лидери од различни индустрии, создавајќи мрежи за размена на искуства, поддршка и раст.Преку Liora Women in Business Track, стартапите водени од жени ќе добијат директен пристап до The Founder Games, а три стартапи ќе имаат гарантирано место во новата сезона – создавајќи можности за финансирање, менторство и раст на глобално ниво.

Можност за здружено инвестирање во стартапи

- Advertisement -

Со The Founder Games се отвора нов пазарен момент — платформа во која инвестирањето во стартапи станува структурирано, поддржано и достапно, наместо индивидуално, спорадично и ризично.

Ова е единствената регионална платформа каде што инвеститорите можат да:

- Advertisement -

 вложуваат во стартапи подготвени за инвестиција, со валидиран производ и пазар

 добијат пристап до изградена dealflow pipeline

 следат стартапи пред да инвестираат, во реални бизнис услови

инвестираат преку здружени модели наместо сами, што значително го намалува ризикот

 влезат како нови инвеститори со прво претприемачко искуство, без да мораат сами да градат due diligence, мрежи и техничко знаење

Ова ја прави платформата особено атрактивна за:

 приватни инвеститори кои сакаат да го направат првиот чекор во стартап- инвестирањето,

 бизнис лидери кои сакаат експозиција кон нови индустрии, и фондови/корпорации кои бараат рани сигнали и иновации пред пазарот.

Зошто се приклучуваат партнерите?

За голем број партнери – компании, корпорации, комори, универзитети, фондации– The Founder Games претставува нов тип на присуство на пазарот: присуство базирано на иновации, талент, претприемништво и идни економии.

Преку партнерства, организациите добиваат:

високовредносен контекст за брендирање, поврзан со технологија, иновации и прогрес

достап до талент и дигитални профили кои веќе градат нови компании

пристап до стартап-екосистеми, каде се тестираат нови модели, технологии и услуги

социјална релевантност и импакт преку поддршка на претприемачка култура

нови можности за соработка со корпорации, институции и инвеститори од регионот

Партнерствата особено добиваат на значење оваа сезона со снимањето на мегајахта што создава премиум визуелен контекст и глобално препознатлива сцена каде иновациите изгледаат атрактивно, амбициозно и конкурентно.

Повик за учество во новиот циклус на акцелераторската програма

Инвеститорите и партнерите кои сакаат да бидат дел од ова патување можат да се позиционираат рано во акцелераторската програма, да понудат поддршка и да станат дел од визијата за идниот успех на претприемачите.

Апликациите се затвораат наскоро

Стартапите во pre-seed или seed фаза со MVP се поканети да аплицираат за учество во Сезона 2 и да бидат дел од најинтензивната и највисоко профилирана стартап акцелераторска програма во регионот.

Линк за апликации: https://www.foundergames.com/platform/application

- Advertisement -