Во светот на технологијата, светлината одамна престана да е само физичка појава. Таа е медиум преку кој ја доживуваме реалноста, емоциите и уметноста. Но, вистинската иновација не се случува кога само ќе ја зголемите осветленоста на екранот, туку кога ќе научите интелигентно да управувате со секој фотон. Samsung денес ги редефинира екраните, претворајќи ги во паметни решенија кои го поедноставуваат и збогатуваат секојдневниот живот, пример што е видлив преку уредот Neo QLED 4К QN90Fкој е вистински интелигентен центар на модерниот дом.
За да разбереме зошто сликата на најновите Samsung екрани изгледа речиси хипер-реалистично, мора да навлеземе повеќе во светот на нано-технологијата. Samsung беше пионер во препознавањето на потенцијалот на квантните точки, започнувајќи ги истражувањата уште во 2001 година. Повеќе од две децении подоцна, со над 150 регистрирани патенти, денес технологијата е сертифицирана како вистински дисплеј со квантни точки (Real QD) според строгите IEC стандарди. Користејќи лист со квантни точки и сина LED диода, без кадмиум, Samsung постигнува 100% волумен на боите според DCI-P3 стандардот. Овие ултра-фини полуспроводнички честички, десет илјади пати потенки од човечко влакно, овозможуваат беспрекорна прецизност на боите кога светлината поминува низ нив. Во пракса, ова значи дека црвената боја е навистина црвена, а не бледа нијанса на портокалова, создавајќи спектар кој е идентичен со оној што го гледаме во природата.

Ако Real QD е „срцето“ на ТВ уредите, тогаш NQ8 AI Gen3 процесорот е „мозокот“ зад телевизорот и основата за Vision AI системот кој ја анализира и доусовршува сликата и звукот во реално време и управува со сè. Со помош на напредни невронски мрежи, овој систем препознава објекти, текстури и длабочина. Ако гледате постар филм кој не е снимен во висока резолуција, Vision AI интелигентно ги пополнува пикселите што недостасуваат, го изострува фокусот и го намалува дигиталниот шум. Резултатот е слика која изгледа како да е снимена денес, со прецизност која го надминува оригиналниот извор.


Од технолошки уред до уметничка галерија
Иновативноста во домот значи дека технологијата не треба да доминира во просторот кога не се користи. Тука стапува на сцена ArtStore. Кога вашиот Neo QLED е исклучен, тој повеќе не е само црн квадрат на ѕидот.
Благодарение на ArtStore, вашата дневна соба станува приватна галерија со пристап до илјадници светски ремек-дела. Напредната Real QD технологија овде доаѓа до полн израз, репродуцирајќи ги потезите со четка и текстурата на маслото на платно толку верно, што е тешко да се поверува дека гледате во дигитален дисплеј.
Безбедност без компромис
За првпат, корисничкото искуство е дизајнирано да биде долговечно колку и самиот уред. Со One UI Tizen оперативниот систем, корисниците добиваат персонализиран интерфејс кој ги учи нивните навики. Она што го прави овој систем иновативен се 7 години надградби на OS, обезбедувајќи вашиот телевизор да остане релевантен со години.
Во дигиталната ера, приватноста е најголемиот луксуз. Затоа, секој паметен ТВ уред е заштитен со Samsung Knox Security, посветено решение кое ги чува вашите податоци и приватност од неовластен пристап, правејќи го вашиот паметен дом безбедна тврдина.
Размислувајте на големо
Во светот на иновациите, големината е важна, не заради престиж, туку заради комплетно препуштање на искуството при гледање на содржините. Но сите знаеме дека колку е поголем екранот, толку е поголем предизвикувачкиот процес за негова инсталација во домот.
Токму затоа, Samsung мисли на своите корисници и има одлична понуда за нив. За визионерите кои избираат екрани со дијагонала од 83 инчи и поголеми, Samsung нуди бесплатна достава, професионална инсталација и вклучен соодветен ѕиден носач. Со оваа услуга имате гаранција дека вашиот нов технолошки центар ќе биде поставен со прецизноста што ја заслужува, овозможувајќи ви веднаш да се препуштите на уживање во совршенството на сликата.

Не заборавајте дека иновацијата не значи само да се измисли нешто ново, туку да се создаде нешто што го менува начинот на кој го доживуваме светот. Комбинацијата на две децении истражување во Real QD технологијата, моќниот Vision AI и естетската слобода на ArtStore е доказ дека, благодарение на Samsung, иднината на нашиот дом е веќе тука. Појасна, поинтелигентна и поголема од кога било досега.






























