Дали е луксуз да поседувате остров или да имате мир, тишина и една година целосна слобода во природата?
Туристичката организација Visit Sweden започна необична кампања наречена „Your Swedish Island“, во рамките на која подарува право на користење на пет приватни острови, но со едно правило: милијардерите не можат да аплицираат.
Целта на иницијативата, според организацијата, е да се сподели шведската перспектива за слободата и одговорноста кон природата.
Иако кампањата звучи како подарок од соништата, победниците всушност не стануваат сопственици на островот. Наместо тоа, тие добиваат едногодишно право да го користат и титулата официјален чувар на островот, заедно со симболична диплома.
Во текот на таа година тие можат да кампуваат, да пливаат, да носат пријатели и да поминуваат време во природата – сè додека ја почитуваат локалната флора и фауна.
Шведска има законски загарантирано право на јавен пристап до природата, што значи дека други луѓе можат да го посетат или да поминат низ островот во тој период.
Петте острови достапни преку кампањата се:
Медбадан
Флисан
Сторбергет
Тјувхолмен
Марстен
Наградата вклучува патување во Шведска за двајца. Сепак, превозот до самиот остров не е вклучен, па затоа победниците ќе треба да изнајмат кајак, чамец или даска за веслање.
Заинтересираните страни треба да снимат видео до една минута во кое ќе објаснат зошто го lol островот. Дополнителни шанси добивате со објавување на видеото на социјалните медиуми со хаштагот #YourSwedishIsland.
Крајниот рок за пријавување е 17 април 2026 година, а победниците ќе бидат избрани од стручно жири.
Конкурсот е отворен за сите меѓународни патници над 18 години, освен милијардери. Причината? Организаторите сакаат да го редефинираат луксузот како едноставност, тишина и слобода во природата, а не како материјално богатство.
(Bizlife)





























