Најмоќните AI алатки кои мораш да ги знаеш, разговор со Дарко Јаневски

- Advertisement -


Ја започнавме втората сезона на поткастот Фриленсерска дружба, и во првата епизода детално влегуваме во светот на вештачката интелигенција. Разговараме со Дарко Јаневски, човек кој повеќе од 12 години работи во онлајн светот и има тестирано стотици дигитални алатки, бизнис модели и AI технологии.

Во епизодата зборуваме и за раните денови на AI, кога алатки како Jasper биле меѓу првите што ја правеле вештачката интелигенција достапна за маркетинг и креирање контент. Дарко објаснува како уште тогаш препознал дека AI ќе стане огромен дел од дигиталниот свет.

- Advertisement -

Потоа навлегуваме подлабоко во најмоќните AI модели што се користат денес. Дарко споделува зошто неговата „go-to“ платформа е Claude, како се споредува со ChatGPT и Gemini, и каде секој од овие модели има најголема предност, од креативна работа, до кодирање и напредни апликации.

Во разговорот ја отвораме и темата што станува сè поважна:
👉 колку навистина можеме да му веруваме на интернетот кога AI содржината станува речиси невозможно да се препознае?

- Advertisement -

Дарко споделува и практични алатки што ги користи секојдневно, од автоматизации со Make, до бази и системи со Airtable, како и платформи како Fal.ai каде што можеш да тестираш десетици AI модели без да плаќаш повеќе различни претплати.

Оваа епизода е одлична за сите што сакаат да разберат:

  • како изгледа кариера во дигиталниот свет
  • кои AI алатки навистина вредат да се користат
  • како автоматизацијата ќе го промени начинот на кој работиме
  • и зошто критичкото размислување на интернет станува поважно од кога било.
  • Дарко исто така споделува свое искуство од Startup Revolution AI Summit во Скопје, настан кој го позиционира Скопје на мапата на AI и стартап екосистемот во регионот, поврзувајќи основачи, инвеститори и технолошки лидери околу иднината на вештачката интелигенција.
  • 🎧 Поткастот е креиран од Startup Club Скопје, во поддршка од ProCredit Bank, а целата епизода можете да ја гледате ТУКА.
- Advertisement -