Ignea Cosmetics се закити со три престижни меѓународни признанија на Beauty Shortlist Awards 2026

- Advertisement -

Македонскиот бренд за природна и еко козметика Ignea Cosmetics освои три престижни меѓународни признанија на Beauty Shortlist Awards 2026, едни од најреномираните и највлијателни награди во светот на природната, органска и одржлива козметика.

На годинешното јубилејно издание на наградите, Fit Face Pro Age рутината на Ignea се истакна меѓу бројни меѓународни брендови. Fit Face серумот и Fit Face маслото беа финалисти во категоријата за најдобра нега на врат, во рамки на категоријата за специфична нега според возраста – значајно достигнување со оглед на тоа што два од петте финалисти доаѓаат од ист бренд.

- Advertisement -

Истовремено, Leda Lux Divine кремата за лице го доби признанието Commended Beauty, кое се доделува на производи што покажуваат исклучителни резултати при тестирањето и се издвојуваат по својата природна формулација, квалитет на состојките, ефективност и иновативност.

Beauty Shortlist Awards се доделуваат повеќе од една деценија и се препознатливи по нивниот независен и транспарентен процес на селекција. Производите се тестираат од меѓународно стручно жири составено од експерти, професионалци од индустријата и новинари, без платени номинации и без комерцијално влијание.

- Advertisement -

Овие признанија доаѓаат по успешното учество на Ignea Cosmetics на European Natural Beauty Awards во Париз, каде брендот ги претстави своите производи пред меѓународна публика и експерти од индустријата. Дополнително, благодарение на Fit Face маслото за масажа на лице, Ignea се најде на листата 13 заслужнибрендови во Европа за 2026 според експертизата на CertClean (САД, висок авторитет за сертификација на природни козметички производи.

„Горди сме што Ignea, како македонски бренд, успешно се позиционира на глобалната сцена за природна козметика и стои рамо до рамо со реномирани имиња од индустријата. Огромна чест е што нашиот труд и посветеност се препознаени од меѓународни експерти. Ова е дополнителна мотивација да продолжиме да го негуваме квалитетот и да создадаваме козметика која е 99% базирана на природни состојки“, изјави Јана Цветковска Лазаревска, основач на Ignea.

- Advertisement -

Ignea Козметика е македонски бренд за природна и еко козметика посветен на развој на внимателно формулирани производи базирани на висококвалитетни природни состојки, растителни масла и активни екстракти. Брендот комбинира научен пристап кон формулациите со инспирација од природата, создавајќи производи кои се ефикасни, безбедни за кожата и одговорни кон животната средина.

Со овие награди, Ignea уште еднаш ја потврдува својата мисија – создавање ефикасна, природна и одржлива козметика која ги спојува традицијата, науката и моќта на природата, со јасна визија македонската природна козметика да биде препознаена и ценета и на меѓународната сцена.

- Advertisement -