Челниот човек на Huawei, Лианг Хуа, порача дека се подготвени да потпишат договори за непшионирање со други држави. Целта на тие договори би била да се уверат државите дека Huawei нема да ја користи својата технологија за да врши надзор. Но, бидејќи САД не купуваат од нив и можеби во иднина не би купувале од нив, не знаат дали ќе постои прилика да се потпише таков договор и со Доналд Трамп.
Ова Хуа го порача на собир на американски новинари кои беа во посета во организација на кинеско-американска фондација. Ова е првиот таков јавно изречен предлог. За потсетување, американскиот претседател, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во земјата за да им забрани на американските телекомуникациски компании да купуваат опрема од странски компании кои се оценети како ризични. По одлуката на САД да го стават на црната листа, Huawei е во се поголеми проблеми.
САД не е единствената земја која е скептична кон производите на овој кинески гигант. Има уште неколку земји кои имаат сличен став поради кои има пад на продажбата на производите на Huawei. Според некои наводи, поради целата ситуација Huawei го стопирал производството на паметни телефони.