Франција сака да стане првата земја која целосно ќе го забрани производството на фосилни горива

- Advertisement -

За да ја оствари својата цел и да стане карбонски неутрална до 2050 година Франција планира целосно да го забрани производството на гас и нафта во земјата и на прекуокеанските територии до 2040 година

Претседателот Емануел Макрон ја претстави легислативата во францускиот кабинет со надеж мерката да се усвои до крајот на 2017 година. Доколку се усвои предлог-законот, Франција ќе стане првата земја во светот која целосно ќе забрани производство на фосилни горива.

Како резултат на предлог-законот владата нема повеќе да издава дозволи за истражување на гас и нафта и сите моментално издвоени средства за таа намена ќе се распределат во наредните 25 години. Иако хидрауличното фрактурирање е илегално, законот оди чекор понапред и ги забранува сите постојни методи на фрактурирање.

- Advertisement -

Франција е истата земја која им забрани на супермаркетите намерно да фрлаат храна и сега е во идеална ситуација да ја усви новата забрана затоа што е многу малку зависна од фосилни горива. Земјата произведува само 6 милиони барели хидрокарбонати годишно и е на 71-во место во светот. За споредба. САД, Русија, Канада и многу од земјите од Средниот Исток произведуваат по 10,5 милиони барели дневно.

Бидејќи моменталната консумација на нафта и гас во Франција е само 1% од вкупната консумација, Франција ќе продолжи да увезува и да рафинира нафта и по 2040 година. Водечката нафтена компанија во земјата, Total, има дозвола да лоцира депозити на нафта во прекуокеански територии.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -