Приказната на Мариа Дуда е многу повеќе од приказна за промена на животниот стил и враќање кон природата. Таа е пример како една лична визија, дури и во средина со ограничени можности и бројни предизвици, може да прерасне во иницијатива со пошироко општествено и економско значење.
Преку спасувањето животни, терапевтските активности и развојот на руралниот туризам, The Countryside отвора простор за поинакви можности во Ранковце и регионот. Но, зад секоја ваква приказна стојат и прашања за одржливоста на малите бизниси, пристапот до финансиска поддршка, локалната инфраструктура и улогата на институциите во развојот на руралните средини.
Разговараме со Мариа за патот од Њујорк до Ранковце, за предизвиците да се изгради и одржи ваква иницијатива, за потенцијалот на руралниот туризам и за тоа што е потребно ваквите приказни да не останат изолирани примери, туку да станат дел од една поширока развојна визија за македонското село.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Синиша Илијевски
Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

#SMSFacility #EUwithYOU
#SmallMediaMatters #MediaDevelopment #MediaFreedom





























