Глобална кариера од родниот град: Како Велес може да биде почеток на светскиот успех?

- Advertisement -

Што е потребно за еден млад човек да изгради успешен бизнис, да создава глобални можности и притоа да остане во својот роден град?

Во ова интервју, снимено во Велес, разговараме со Благојче Јосифоски, коосновач на TechUp технолошкиот парк, SkillUp академијата за програмирање за деца и coworking просторот – три иницијативи што ја поврзуваат технологијата, образованието и претприемништвото.

- Advertisement -

Од првите бизнис-чекори и предизвиците при градењето сопствена компанија, преку едукацијата на новите генерации во ерата на вештачката интелигенција, до прашањето дали е можно да се изгради глобална кариера без да се замине од Македонија – разговараме за можностите, пречките и иднината на младите во помалите градови.

Што му недостасува на Велес за да стане уште подобра средина за развој на бизниси? Како технологијата може да помогне младите да останат, да создаваат и да успеваат дома? И што е потребно за идејата да се претвори во одржлив бизнис?

- Advertisement -

Разговор за претприемништвото, образованието, иднината на работата и за храброста да се создаваат можности таму каде што почнува нашата приказна.

Новинар- Верица Јорданова

- Advertisement -

Снимател-Синиша Илијевски


Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

#SMSFacility #EUwithYOU
#SmallMediaMatters #MediaDevelopment #MediaFreedom

- Advertisement -