Природното и традиционално производство на храна станува сè поприсутно во земјава, но зад секој ваков производ стојат многу работа, посветеност и специфични услови за производство. Во скопско Лепенец – Ново Село, Жарко Василевски ја остварува својата приказна преку „Наша Фарма“ – фарма посветена на органското производство на јајца.
Овде, секојдневието започнува рано, а грижата за кокошките и контролата на процесот се дел од работата секој ден. Од условите во кои се одгледуваат животните, преку начинот на производство, па сè до квалитетот на готовиот производ – секој чекор има свое значење.
Но, како започнала приказната на „Наша Фарма“, што всушност значи органско производство на јајца и со какви предизвици се соочуваат производителите на храна разговаравме со Жарко Василевски. Неодамна екипата на Иновативност ги посети на фармата за да дознаеме како изгледа еден ден во „Наша Фарма“, како се обезбедуваат квалитетот и довербата кај потрошувачите и што значи изборот на органски јајца за оние кои ги купуваат.
Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Жарко Илијески
Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.






























