Дестилерија од Калифорнија произведува вотка од отпадоци од храна

- Advertisement -

40% од храната која се одлегува во САД завршува на депонија. Тоа е проблем кој постојано привлекува внимание. Една дестилерија од Сан Диего, Калифорнија презема мерки за барем делумно да го реши проблемот за доброто на нацијата, на нивниот бизнис и на љубителите на вотка.

Барменот Вајт Ригали и земјоделскиот економист Семјуел Черескин знаат дека вотката може да се направи од секоја состојка која содржи доволно шеќер и скроб. Кога тој факт ќе се комбинира со проблемот со отпадот од храна, решението е многу јасно. Тие двајца ја формираа компанијата Misadventure & Co., дестилерија која прави вотка од лебните производи кои завршуваат во отпад.

- Advertisement -

Било да е тоа баничка, багет или слатко печиво, отпадоците неделно се собираат од локалнат банка за храна и потоа се процесираат за да се добие крајниот производ. Ова е продуктивен и вкусен начин на справување со проблемот со отпадот од храна.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -