Иноваторот Иван Мрвош во нова инвестициска рунда – 5 пати поголема од првата

- Advertisement -

Шест месеци oткако собра 465.000 евра со групно финансирање преку Funderbeam SEE, младиот хрватски претприемач Иван Мрвош се подготвува за уште една инвестициска рунда – пет пати поголема од првата. Втората инвестициска рунда на најпознатиот хрватски производител на паметни клупи треба да заврши на крајот на оваа година, односно на почетокот на првото тромесечје идната година.

Иван Мрвош, основач и директор на Include, за Poslovni dnevnik изјави дека продажбата на паметни клупи му оди толку добро што се пдоготвени за новата фаза од развојот. „Планот ни е да собереме капитал за на нашиот тим за истражување и развој составен од 13 експерти да му овозможиме капацитет за две нови линии производи: паметни градови и паметни домови“ вели Мрвош.

- Advertisement -

Тој објаснува дека паметната клупа Ѕteora, моментално единствен производ на Include, е пример за технологијата која неговиот стартап може да ја развие. Таа технологија е сложена и од една страна може да се користи во паметни производи, а од друга страна во паметни градови. Во однос на новите производи вели тие ќе бидат пласирани на многу конкурентни пазари и не може да открива какви проиводи ќе бидат, но доволно е да се каже дека тоа се пазари кои во наредниот период ќе вредат десетици милијарди долари. Моментално се присутни на 21 пазар на 5 континенти.

Мрвош додава дека со неговата клупа досега градовите само ја дополнувале инфраструктурата и го збогатувале квалитетот на живот, додека со неговите нови производи на полето на паметните градови ќе можат и да зарабтуваат. Стартапот Include има 32 вработени. Досега оваа година има произведено и продадено 300 клупи, додека минатата година продале 100. Стартапот просечно годишно расте по 300%-400%, додека за годинава се очекува раст од 500% до 600%.

- Advertisement -

И покрај растот, Мрвош наведува дека тешко се разговара со инвеститорите. Вели дека кога во Хрватска на некој инвеститор ќе му се каже дека растот на компанијата е од 300% до 400% годишно, тие најчесто мислат дека сте луди. Но, за среќа тоа не е случај со луѓето однадвор. Имено, тој планира до крајот на 2018 година да направи и трета инвестициска рунда. Целта на третата рунда ќе биде новите производи кои се развиваат да почнат да се пласираат на пазарот.

(Poslovni Dnevnik)

Сподели!
- Advertisement -