Германската компанија Sortimo планира да ја изгради најголемата станица во Европа со вкупно 144 места за полнење
Германија ги откри своите планови за најголемата станица за полнење електрични автомобили во Европа. Биодејќи се повеќе луѓе купуваат електрични автомобили ќе има потреба од повеќе станици за полнење. Германската компанија Sortimo планира да ја изгради најголемата станица во Европа со вкупно 144 места за полнење.
4.000 автомобили дневно ќе се полнат во Innovationspark Zusmarshausen. 24 од вкупно 144 места ќе бидат со суперполначи со капацитет од 350 киловат-часови. што е повеќе од капацитетот на суперполначите на Tesla – 150 киловат-часови. Според Sortimo, Innovationspark Zusmarshausen ќе овозможи заштеда од 29,5 милиони литри горива и ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за 60.000 метрички тони годишно.
Innovationspark Zusmarshausen е многу повеќе од обична станица. Во неа ќе имa и канцеларии, места за шопинг и за јадење. Од Sortimo велат дека луѓето ќе можат да нарачаат храна пред да стигнат во станицата за да можат да јадат додека се полнат автомобилите. Според фотографиите на Интернет, покривот на станицата ќе биде зелен и целиот дизајн ќе биде многу близок до природата и архитектонски свесен за животната средина.
Се планира и напојување со обновливи извори на енергија. Од Sortimo споменуваат соларна енергија која ќе се складира во станицата и ќе се користи во најпрометните саати од денот во локалните компании и домаќинства. Топлината која ќе се креира ќе се користи за загревање на околните згради. Станицата ќе биде готова во 2018 година.
(Inhabitat)