Лос Анџелес тестира посебна боја која ќе го разладува асфалтот

- Advertisement -

Сите знаат како изгледа асфалтот во еден топол летен ден. Толку многу се загрева што ја покачува и температурата на околината затоа што не само што ја апсорбира топлината туку и ја рефлектира и придонесува за поголема употреба на клима уреди. Градот Лос Анџелес применува нова алатка за да заштеди енергија и да ја намали температурата во градот.

Градот ќе почне да ги прекрива градските улици со посебна сива боја CoolSeal, која досега се докажа дека ја намалува температурата на површината на која ќе се нанесе за повеќе степени. Бојата ја произведува компанијата GuardTop од Лос Анџелес. Најпрвин ќе се тестира на градските улици за да се види колку долго трае ефектот на разладување и дали околните жители ќе почувствуваат разлики во температурата.

- Advertisement -

(PSFK)

 

Сподели!
- Advertisement -