Пет најдобри бизнис книги според изборот на економисти, уредници и професори

- Advertisement -

Во листата со најдобри бизнис книги за годинава се наоѓаат книги на различни теми – од ефектите на глобализацијата до последиците на сексизмот во Силиконската Долина. На годишниот панел кој го организираат McKinsey и Financial Times реномирани економисти, професори и уредници ги избираат највлијателните книги кои се однесуваат на проблемите и предизвиците во владите, компаниите и во општеството. Тоа е и еден вид натпревар на кој кон крајот на годината се избира најдобрата бизнис книга. Еве некои од книгите кои влегоа во полуфиналето, а најдобрата бизнис книга ќе биде прогласена во ноември годинава.

Adaptive Markets, Ендрју Ло

- Advertisement -

Во изминатите неколку декади економистите расправаа за теоријата за ефикасни пазари според која инвеститорите и пазарите се рационални и ефикасни, како и заклучоците на бихејвиоралните економисти, кои го тврдат спротивното. Професорот по менаџмент Енрју Ло во книгата „Adaptive Markets“ тврди дека теоријата за ефикасни пазари пред се е нецелосна и неточна и тој нуди нови начини на разбирање како се однесуваат инвеститорите, а како се прилагодуваат пазарите.

Janesville, Ејми Голдстајн

- Advertisement -

Последните претседателски избори во САД длабоко го пооделија населението и донесоа грижа за средната класа, чии работни места почнаа да се убат под влијание на глобализацијата и големата рецесија. Новинарката на Washington Post, Ејми Голдстајн отиде во градот Џејнсвил во Висконсин, каде што и тоа како се почувствуваа сите споменати влијанија. Таа направи обено истражување за тоа зошто току многу Американци едвај врзуваат крај со крај.

Reset, Елен Пао

- Advertisement -

Ова е една прилично интересна и интригантна приказна. Имено, авторката на книгата, Елен Пао, ја тужеше компанијата во која работеше, Kleiner Perkins Caufield & Byers од Силиконската Долина. Причината беше родова дискриминација, која на крајот резултираше со отказ. Случајот дојде со суд во 2015 година и стана спектакл во технолошкиот свет. Судот пресуди во корист на компанијата, но Пао продлжи со својата битка за правата на жените во светот на технологијата. Таа сака жените во оваа индустрија да не молчат, туку да се борат против сексизмот. Во книгата објаснува штио се преживеала изминатите неколку години и кои лекции ги научила.

The One Device, Брајан Мерчант

Годинава се одбележува десетгодишнина на iPhone, уредот кој од Apple направи највредна компанија во светот и го промени начинот на кој луѓето ја користат технологијата. Авторот на книгата ги изучува одлуките и клучните моменти кои доведоа до развојот на овој популарен паметен телефон.

The Spider Network, Дејвид Енрих

Ова е книга за тоа како во 2006 година шестмина банкари од различни делови од светот се здружија за да се манипулираат со мала група луѓе кои ја одредуваа вредноста на Libor (London interbank offer rate), која ги одредува каматните стапки за повеќе милијарди долари глобални кредити и на тој начин заработија милиони. Се разбира, шемата беше откриена и се распадна на спектакуларен начин. Авторот на книгата оваа сложена финансиска приказна ја претвора во лесен, но напнат трилер.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -