Новите автомобили на Jaguar ќе го прогнозираат времето

- Advertisement -

Метеоролозите многу често точно го предвидуваат времето, но секогаш има ризик дека додека возите одеднаш ќе плисне дожд. Благодарение на најновата технологија на Jaguar Land Rover никогаш повеќе нема да наврнете затоа што возите со отворе покрив. Компанијата развива автомобили кои автоматски ги затвораат прозорците и покривот или го вклучуваат греењето кога ќе детектираат лоши временски услови.

Од Jaguar Land Rover дури велат дека автомобилите ќе можат да го предвидат времето подобро од метеоролозите така што ќе се фокусираат на локалните услови. Автомобилите ќе можат да ја вклучат климата доколку видат дека времето ќе се стопли или ќе залади. Безбедносните елементи како кочниците, триењето и бришачите за стакло исто така ќе се прилагодуваат автоматски во зависност од временските услови кои претстојат.

- Advertisement -

Во поднесениот патент од компанијата велат дека автомобилите со новите сензори ќе бидат попрецизни во прогнозирањето на времето во споредба со националните системи за метео прогноза затоа што ќе ги следат локалните услови. Исто така, со помош на GPS информации ќе дознаваат дали може да се очекуваат промени во времето во текот на патот. Системот за прогнозирање работи со помош на сензори за притисок и влажност на воздухот и светлина и при промена на условите се прилагодува возилото. Од компанијата предлагаат и споделување на тие прогнози со други автомобили на патот за подобро справување со условите на патот.

(Daily Mail)

Сподели!
- Advertisement -