Виена си постави амбициозна цел – до 2020 година сите јавни расветни тела да ги замени со еколошко и лесно одржливо ЛЕД осветлување. Од вкупно 154.000 светлечки тела во Виена, 50.000 се висечки светилки и се користат околу 60 години. Со проектот не се опфатени светилките кои се наоѓаат во историските делови од градот и се дел од културното наследство.
„Со ЛЕД осветлувањето може да се заштедат и повеќе од 60% енергија во однос на конвенционалното осветлување, што значително придонесува за заштита на климата. Новата технологија за осветлување овозможува и целно осветлување на крстосници и пешачки премини, а тоа ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Освен тоа, новите светилки се полесни за одржување и на долгорочен план се поисплатливи“ вели градоначалникот на Виена, Марија Василаку.
Новото ЛЕД осветлување има поинакви карактеристики од досегашното. Имено, светлата ќе бидат насочени надолу, што значително придонесува за помало светлосно загадување, кое е особено страшно во големите градови. Преминувањето кон ЛЕД осветлување има и други предност: помалку привлекува инсекти, изедначена боја на светлата и модерен и паметен дизајн.
(ICTBusiness)