Apple е највреден бренд во светот, а веднаш по него следуваат Google и Microsoft, покажува анализата на меѓународната консултантска компанија Interbrand, која традиционално ги рангира најсилните светски брендови. Петта година по ред Apple и Google ги заземаат првите две места, при што Apple во однос на минатата година ја зголеми својата вредност за 3% на 184,2 милијарди долари, а Google за 6% на 141,7 милијарди долари. Microsoft се искачи на третото мести како еден од 6-те брендови кои имаат двократен меѓугодишен раст на вредноста.
На четврто место се наоѓа Coca Cola, а по неа следуваат Amazon, Samsung, Toyota, Facebook, Mercedes-Benz и IBM, кој ја заклучува првата десетка според финансиската вредност. Годинава на листата со највредни 100 брендови по прв пат се појавија Ferrari (88 место), Netflix (78 место) и Salesforce.com (84 место). Најголем раст во проценти во однос на 2016 година имаат Facebook (48%), Amazon (29%), Adobe (19%), Adidas (17%) и Starbucks (16%).
Повеќе од половина од највредните светски брендови доаѓаат од четири сектори: автомобислка индустрија (16), напредни технологии (15), финансиски услуги (12) и стока за широка потрошувачка (9). Малопродажбата е најбрзорастечки сектор доколку се гледа вредноста на брендовите во проценти, а лседуваат секторот спортска опрема, технологија, логистика и финансиски услуги. Вкупната вредност на највредните 100 брендови во светот изнесува 1.870 милијарди долари и е поголема за 4,2% во однос на 2016 година.
Методологијата на Interbrand се темели на три клучни фактори: финансиска изведба на стоковите марки за производи и услуги, влијанието на брендот на изборот на потрошувачите и силата со која брендот придонесува за стабилноста и заработката на компанијата.
(24 sata)