- Advertisement -
За првпат во Македонија се одржа настан на кој беа доделени награди во областа на екологијата и зашитата на животната средина. Станува збор за симболична награда Зелен глобус која ја доделува Заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ на активисти, истражувачи, новинари, поддржувачи од областа на екологијата и од областа на аерозагадувањето.
Зелен глобус годинава беше врачен на следниве организации и индивидуалци:
- Најдобра мобилна апликација – „Мој Воздух“ на Горјан Јовановски
- Најдобра еко фотографија – „Фото со дрон на Скопје обвиено во смог“ на Донче Илијоски
- Најдобра кампања на социјалните мрежи – #ДенНаВоздухот од ТВ шоуто „Еден на Еден“ со Жаре Димитриоски
- Истакнат професор – поборник за чист воздух – Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје
- Истакнат новинар – поборник за чист воздух – Огнен Јанески од ТВ 24 Вести со емисијата „Очи во Очи“
- Истакнати активисти за велосипедско Скопје – „НаТочак“
- Истакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух – „Радио МОФ“
- Истакнат магазин – поборник за екологија – „Лице в Лице“
- Најдобар документарец – „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ во режија на Горан Лефков и продукција на Центар за истражувачко новинарство „SCOOP – Macedonia“
- Најдобра еко герила акција – „Џиновско гнездо во центарот на Скопје“ на Урбани уметнички акции
- Advertisement -